Македонија „Цивил“: Омразата и насилството се кукавички акти на предавство!

„Цивил“: Омразата и насилството се кукавички акти на предавство!

„Цивил“ – Центар за слобода изрази најостра осуда на актите на насилство во Скопје и во другите градови во Република Македонија и повика итно да престане тепањето новинари и други медиумски работници што професионално ги извршуваат задачите. Невладината организација тоа го нарече тежок криминал и крајно неморален и кукавички чин, а како виновници и за овој инцидент, но и за претходни, ги посочува структурите на досегашната власт.

„Одговорни за говорот на омразата и за повиците на етничко и на политичко насилство во земјата се токму структурите на моќта кои сè уште се на власт, а чии високи претставници се под истрага за сериозни криминални дела, злосторничко здружување, тешки злоупотреби и изборни измами. Криминалните структури повторно се обидуваат да предизвикаат безредија и насилство мотивирано од етничка омраза и политички поделби. Тие ја ризикуваат безбедноста и стабилноста на целата земја, со една единствена цел – да ја осуетат правдата и да го спречат враќањето на демократијата и владеењето на правото во Република Македонија“, реагира „Цивил“.