Свет Европа Цирих: Во судир меѓу автобус и четири камиони, повредени 41 патник

Цирих: Во судир меѓу автобус и четири камиони, повредени 41 патник

Во судир во централна Швајцарија, во кој учествувале еден британски туристички автобус и четири камиони, повредени се 41 патник, соопшти швајцарската полиција.

До судирот дошло во зоната на која се изведуваат работи на пат, меѓу градовите Земпах и Сурзе, 40 километри јужно од Цирих. Повредите на четири лица се сериозни, а причината за несреќата сè уште се истражува.

На местото на несреќата се упатиле три хеликоптери и неколку амбулантни возила.