Свет Балкан Ципрас во Скопје на 2 април, пишуваат грчките медиуми

Ципрас во Скопје на 2 април, пишуваат грчките медиуми

Долгонајавуваната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Македонија ќе се случи на 2 април, вторник, пишуваат грчките медиумите.

Тоа ќе биде прва официјална посета на грчки премиер на земјава.Ципрас ќе ја предводи делегацијата составена од неколку членови на неговиот кабинет и претставници на бизнис заедницата во Грција.

Во дводневна работна посета на Атина минатата седмица беше министерот за надворешни работи, Никола Димитров.