Свет Балкан Ципрас порача: Нема нови буџетски кратења

Ципрас порача: Нема нови буџетски кратења

Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека неговата влада ќе го исполни предизборното верување и ќе стави крај на острите буџетски кратења. Ципрас изјавата ја даде пред парламентот, непосредно пред пратениците да го одобрат законот против сиромаштија, кој е прв законски пакет на левичарската влада.

Ципрас, утре на маргините на самитот на ЕИ, би требало да се сретне со германската канцеларка, Ангела Меркел, францускиот претседател, Франсоа Оланд, и со претседателите на Европска централна банка (ЕЦБ) и на Европската комисија (ЕК), Марио Дргаги и Жан-Клод Јункер.

Грција има проблеми со отплата на пролетните рати од кредитите и засега не успеа да ги убеди кредиторите да пуштат дел од програмата за помош, бидјќи тие инсистираат на детална листа од планираните реформи.

– Нека си ги задржат своите закани таму каде што функционираат, а не да ѝ се закануваат на оваа влада и, уште поважно, не на овој народ. Едноставно, нема да отстапиме од обврските што ги прифативме – рече Ципрас.

Законот против сиромаштија, кој е предложен без разлика на противењето на кредиторите, има цел да обезбеди помош во вредност од 200 милиони евра за домаќинствата во кои нема вработени и за кои се смета дека се „екстремно сиромашни“.