Свет Балкан Ципрас поднесе заклетва за нов премиер на Грција

Ципрас поднесе заклетва за нов премиер на Грција

Алексис Ципрас и официјално го почна својот втор мандат како премиер. Вечерва тој, во претседателската палата во Атина, поднесе заклетва како нов премиер.

Новиот состав на владината коалиција СИРИЗА – Независни Грци се очекува да биде соопштен набргу и новата влада да поднесе заклетва и да почне со работа утре или најдоцна в среда, кога Ципрас експресно ќе замине во Брисел на вонреден состанок на ниво на ЕУ за справување со бегалската криза.

Ципрас в недела заминува во Њујорк, каде ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации и можно е да има средба со американскиот претседател Барак Обама.

Грчките медиуми шпекулираат со имиња на министрите, коментирајќи дека можно е да нема драматични промени, меѓутоа се остава време да се види каков состав ќе договорат Ципрас и Панос Каменос, кој, според информациите, најверојатно ќе го задржи местото министер за одбрана.