Свет Балкан Ципрас и Меркел телефонски разговарале за прашањето за името

Ципрас и Меркел телефонски разговарале за прашањето за името

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел имале телефонски разговор, во кој една од темите било и прашањето за името, соопштиле од кабинетот на Ципрас, пренесува Македонската информативна агенција (МИА).

Инаку, телефонскиот разговор меѓу Ципрас и Меркел доаѓа еден ден пред официјалната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин, во рамките на која е предвидена и средба со германската канцеларка.

„Двајцата лидери разговараа за текот на разговорите за прашањето за името на ПЈРМ, провокативната воздухопловна активност на Турција во Егејското море и евро-турските односи“, се наведува во кусото соопштение од кабинетот на грчкиот премиер.

Грчката телевизија „Скај“, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел и ја потенцирал потребата за конечно решение во спорот, со промена на уставното име на соседната земја“.

Според истите извори, грчкиот премиер и германската канцеларка се договориле да се сретнат во петок во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на Европската Унија.