Свет Балкан Ципрас до пратениците на СИРИЗА: Или сме заедно или паѓа владата

Ципрас до пратениците на СИРИЗА: Или сме заедно или паѓа владата

Премиерот Алексис Ципрас побара поддршка од пратеничката група на СИРИЗА со ултиматум дека ако нема поддршка, нема веќе ни да има влада на левицата.

„Или сите ќе бидеме заедно, или паѓа владата на левицата“, истакнал Ципрас на дискусијата на парламентарната група пред почетокот на расправата за гласањето на новиот пакет мерки, на кои се противат десетици пратеници на СИРИЗА.

Гласањето на мерките се очекува да почне доцна вечерва.

Во тек е нов народен протест на плоштадот Синтагма. Голема група граѓани се собира пред парламентот во знак на револт против мерките и бараат тие да не поминат за да не се врати рецесијата и ново финанскиско стегање на ременот за грчкиот народ.

М.П.