Спорт Цепелинот на Лазаров меѓу петте најубави голови во ЛШ

Цепелинот на Лазаров меѓу петте најубави голови во ЛШ

Цепелинот што го изведоа „вардарци“ во самиот финиш од мечот беше избран за втор најубав погодок во целата рунда од ЛШ

Вардар претрпе убедлив пораз на гостувањето во Унгарија, но македонскиот состав како утеха го има барем најубавиот погодок на овој меч.

Цепелинот што го изведоа „вардарци“ во самиот финиш од мечот беше избран за втор најубав погодок во целата рунда од ЛШ, зад извонредниот гол од крило на Шпренгер од Кил, кој со прекрасен удар го совлада Тиери Омејер.