Галерија Центарци со хитови од шеесеттите се забавуваа на корзото за ГТЦ

Центарци со хитови од шеесеттите се забавуваа на корзото за ГТЦ

Неколку стотини граѓани вечерва се собраа на корзото во паркот Жена-борец, настан во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, чија цел е да ги мотивира граѓаните во општина Центар да излезат на претстојниот референдум на кој ќе се одлучува за изгледот на Градскиот трговски центар.

На неколку штандови, поставени во паркот, се собираа донации за спас на ГТЦ.

Присутните граѓани на Центар ги забавува диџеј со хитови од шеесеттите и од седумдесеттите години на минатиот век.

Референдумот за ГТЦ во општина Центар ќе се одржи на 26 април.