Главна секција Центарот на Скопје блокиран поради протестот, граѓаните револтирани

Центарот на Скопје блокиран поради протестот, граѓаните револтирани

Полициски сили го блокираа центарот на Скопје и не ги пуштаат граѓаните, кои деветти ден протестираат, да поминат низ центарот на градот. Поради тоа демонстрантите тргнаа кон ЕУ-Инфоцентар, извикувајќи „Готово е Никола“, „Нема правда нема мир“, „Пуштете го народот“…

Од пред ЕУ-Инфоцентар граѓаните се упатија пред Владата на Република Македонија.

Пред Владата на Република Македонија граѓаните истурија канти со боја, а неколку балони со боја завршија и во објектот.

Граѓаните денеска деветти ден протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболира функционери.