Свет Балкан Цената на црешите во Тирана од 750 до 2.500 денари

Цената на црешите во Тирана од 750 до 2.500 денари

Цената на првите цреши на пазарите во Тирана се движи од 1.500 до 5.000 лека (од околу 750 до околу 2.500 денари), пишува МИА.

Според пазарџиите на новиот пазар во Тирана, ваквата цена е поради тоа што ова се првите денови од појавата на зрели цреши.

Сепак, тие признаваат дека поради екстремно високата цена, има многу малку купувачи.