Економија Цената на нафтата пониска од 30 долари за еден барел

Цената на нафтата пониска од 30 долари за еден барел

Ценaта на нафтата денеска во Азија е пониска од 30 долари за еден барел, забележувајќи нов пад при очекувањето на дополнителен пораст на резерви во САД и на влошување на ситуацијата на и онака презаситениот глобален пазар.

Трговците очекуваат дека извештајот на американското министерство за енергетика ќе укаже на неделен пораст на резерви на нафта во САД, а секое зголемување значи помала побарувачка во земјите кои се најголеми светски потрошувачи на енергенти.

Русија вчера соопшти дека во јануари било произведено рекордно количество на нафта од околу 18,9 милиони барели дневно, бидејќи се бори да го задржи пазарниот удел.

Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) во декември ги отфрли повиците да се намали производството.