Економија Цената на нафтата падна на 59 долари за еден барел

Цената на нафтата падна на 59 долари за еден барел

Под 59 долари се спушти цената на еден барел нафта на меѓународните берзи. Тоа се случи по најавата од големите производители дека ќе се задржи производството на досегашното ниво и покрај прекумерното снабдување и намалената побарувачка.

На лондонската берза, цената на еден барел нафта се намали за 1,20 долари, во однос на претходното затворање, на 58,81 долари. На американската берза со барелот се тргуваше по 1,70 долари пониска цена, за 54,23 долари.