Свет Балкан Цајер: Ситуацијата на Косово е мирна, но не и стабилна

Цајер: Ситуацијата на Косово е мирна, но не и стабилна

Командантот на германскиот контигент војници на Косово, полковникот Зигфрид Цајер, оцени дека состојбата на Косово во деловите во кои живеат претежно Срби е мирна, но не и стабилна.

– Во моментов состојбата таму е мирна, но не и стабилна, Тоа последен пат можеше да се почувствува на натпреварот Албанија – Србија во октомври. Незадоволството од економската ситуација и етничката напнатост ја прават тешко предвидлива ситуацијата во тие области – изјави Цајер во интервјуто за интернет-порталот на германските сили „Бундесвер“.

Според Цејер, организираниот криминал на Косово, како и претходно, сè уште претставува голем проблем.

– Косовската полиција и ЕУЛЕКС редовно спроведуваат операции против организираниот криминал, но често се со скромен успех – рече Цајер.