Економија Трошоците за авионски превоз и за болнички услуги најмногу се зголемиле во...

Трошоците за авионски превоз и за болнички услуги најмногу се зголемиле во март

Трошоците на животот во март, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за истиот период се зголемени за 1,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на цените има кај свежото и разладеното овошје за 7,3 проценти, тутунот за 2,6 проценти, безалкохолните пијалаци за 0,8 отсто и друго.

Во март, најголемо зголемување на трошоците е забележано кај авионскиот превоз на патници за 24,2 проценти, болничките услуги за 6,6 проценти, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 6,2 проценти и друго.