Економија Трошоците во градежништвото пониски за 2,4 проценти во однос на лани

Трошоците во градежништвото пониски за 2,4 проценти во однос на лани

Во третото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2014 година, се пониски за 2,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,5 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,3 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 1,5 отсто.