Свет Свет Тројца загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Тројца загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Тројца авганистански војници загинаа, а 18 се повредени откако бомбаш-самоубиец изврши напад во северната провинција Балк, соопштија властите.

Како што соопшти авганистанското министерството за одбрана, мета на нападот извршен во близина на градот Назар и Шариф, бил автобус кој превезувал војници.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, соопшти дека талибанците се одговорни за нападот.