Свет Тројца убиени во „Волмарт“ во Колорадо, полицијата трага по напаѓачот

Тројца убиени во „Волмарт“ во Колорадо, полицијата трага по напаѓачот

Полицијата во Колорадо трага по напаѓач, кој вчера во 18 часот по локално време влегол во „Волмарт“ во Торнтон, Денвер, и со пиштол почнал да стрела кон купувачите и кон вработените.

Портпаролот на полицијата во Торнтон, Виктор Алива, соопшти дека напаѓачот убил три лица, а потоа со црвено возило побегнал во непознат правец.

Две лице починале на самото место, додека третото лице им подлегнало на повредите во болница.

– Напаѓачот е белец, во црна јакна, црвена маица и сини фармерки – рече Алива.

Засега нема индикации дека станува збор за терористички акт, затоа што никој не ја презел одговорноста.