Uncategorized Тројца Сиријци се обиделе да преминат граница со лажни пасоши

Тројца Сиријци се обиделе да преминат граница со лажни пасоши

Полициски службеници, на граничниот премин Табановце, вчера привеле три лица кои се обиделе да ја преминат границата со лажни пасоши.

Според полициските информации, вчераутро, околу 5.30 часот, на граничниот премин за излез од земјата се пријавило возило, марка „сеат леон“, што го управувало лице со холандска лична карта, а во автомобилот со него патувале и три лица со холандски патни исправи. При пасошката контрола, полицискиот службеник се посомневал дека тие не се сопственици на пасошите.

Во разговорот со полициските службеници, лицата изјавиле дека се од Сирија и дека во земјата влегле од Грција, преку граничниот премин Богородица. Полицијата извршила претрес на нивниот багаж, но не нашла никакви документи што би го потврдиле нивниот идентитет.

Лицата биле приведени и полицијата работи на целосно расчистување на случајот.