Свет Балкан Тројца Руси уапсени за вчерашниот терористички напад во Истанбул

Тројца Руси уапсени за вчерашниот терористички напад во Истанбул

Турската полиција уапсила тројца руски државјани поради сомневање дека се вмешани во терористичкиот напад што вчера се случи во Истанбул.

Како што пренесе турската агенција „Доган“, Русите се уапсени во медитеранскиот град Анталија, а притоа биле запленети и „одредени документи“.

Рускиот конзулат во Анталија потврди дека тројца руски државјани се задржани во притвор поради сомневање дека се во врска со Исламска држава.

Во терористичкиот напад што се случи вчера во Истанбул, загинаа десет туристи, а турската полиција уапси 15 лица осомничени за учествување во организација на нападот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека сириски бомбаш-самоубиец е одговорен за експлозијата во центарот на Истанбул.

Потретседателот на турската влада, Нуман Куртулмус, изјави дека на основа на анлизите од разнесените делови на телото на осомничениот бомбаш-самоубиец, станува збор за 28-годишен Сириец.