Хроника Тројца осомничени за фалсификување исправа и за измама

Тројца осомничени за фалсификување исправа и за измама

Тетовската полиција поднела кривични пријави против прилепчанец и против двајца скопјани, осомничени за измама и за фалсификување исправа која била употребена за регистрација на половно возило, увезено од странство.

Станува збор за прилепчанецот Т.З. (43) и за скопјаните Т.Г. (55) и А.О. (49), против кои била поднесена кривична пријава за фалсификување исправа. Против Т.Г. и А.О. е поднесена пријава и за кривично дело измама.

Како што информираат, во текот на 2013 година, 49-годишен жител на селото Гургурница, набавил возило, марка „ивеко“, од Италија, кое не можел да го легализира во држвата. Поради тоа, стапил во контакт со Т.Г. и со А.О., кои му ветиле дека за сума од 2.900 евра ќе му набават оригинална потврда за сообразност. Наместо оригинална, осомничените направиле фалсификувана потврда, со која 49-годишникот од Гургурница успеал да го регистрира возилото.