Свет Балкан Тројца мртви во експлозија на југоистокот на Турција

Тројца мртви во експлозија на југоистокот на Турција

Двајца полицајци и еден цивил загинаа, а неколку лица се ранети во експлозијата која се случи во близина на Дијарбакир, најголемиот град на југоистокот на Турција, соопштија турски безбедносни извори.

На лице место пристигнале и екипи на итната помош.

Подрачјето во кое се случила експлозијата се наоѓа на патот меѓу Дијарбакир и округот Бисмил.

Истокот на Турција, каде живеат и мнозинството Курди, од минатата година е зафатен со бран на насилство, откако пропадна прекинот на огнот меѓу државата и забранетата Работничка партија на Курдистан.