Хроника Тројца кумановци осомничени за разбојништво над сириски државјанин

Тројца кумановци осомничени за разбојништво над сириски државјанин

Кумановската полиција подела кривична пријава против три момчиња од градот, од кои едниот малолетник, осомничени дека извршиле разбојништво над сириски дражавјанин.

Како што информираат од МВР, станува збор за Ѓ.У. (21), А.А. (21) и Е.М. (16).

Осомничените, на 29 јануари оваа година, на автобуската станица во Куманово, физички нападнале и ограбиле сириски државјанин, од кого одзеле 300 евра и мобилен телефон.