Хроника Тројца гостиварци фатени со хероин и со марихуана

Тројца гостиварци фатени со хероин и со марихуана

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против С.С. (46), Ф.М. (30) и М.И. (22), кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за овозможување и употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци.

Според полицијата, осомничениот С.С., кон средината на февруари, од непознато лице од Арачиново набавил 15 пакувања хероин, од кои пет му продал на Ф.М.

Полицијата кај Ф.М. пронашла 0,57 грама хероин, а при претрес на домот на провоосомничениот – уште 1,45 грама.

При претресот, била затекната и М.И. од која полицијата одзела една кесичка со 2,38 грама марихуана.