Македонија Тројно убиство: Осомничениот, вооружен до заби, дошол во Злетово

Тројно убиство: Осомничениот, вооружен до заби, дошол во Злетово

Четириесетгодишниот професионален војник Д.М. пред да го изврши тројното убиство во Злетово бил на стража и по завршувањето на работните обврски, со комлетна воена опрема, дошол во селото, јавува дописинкот на „Мета“ од Штип.

Тој првин се упатил во домот на М.Д. (50), вработен во државниот пазарен инспекторат. Соседите сведочат дека слушнале расправија, по што осомничениот го убил М.Д.

Потоа, осомничениот заминал на другиот крај на селото, каде што ги убил родителите на својата сопруга, со која водел бракоразводна парница.

Според изјавите на соседите, убиениот М.Д. бил во блиски односи со сопругата на осомничениот.

Според засега непотврдени информации, братот на неговата сопруга успеал да му го земе оружјето со кое пукал.

Полицијата го потврди идентитетот на осомничениот, по кого сè уште се трага.

Поголема полициска екипа и јавен обвинител, се на терен и вршат увид.