Свет Тројца повредени во престрелка во трговски центар во Мемфис

Тројца повредени во престрелка во трговски центар во Мемфис

Три лица се повредени во пукотница трговски центар во американскиот град Мемфис, Полицијата соопшти дека четири лица се уапсени.

Како што пренесува, Дејли мејл онлајн, пукањето настанал по расправија на неколку мажи, која потоа прераснала во тепачка, а потоа и во пукотница.

Двајца од тројцата повредени биде директни учесници во тепачката, наведува „Дејли мејл“ и додава дека сите повредени се хоспитализирани и оти никој од нив не е во животна опасност.

Тепачката, а потоа и пукотницата се случила околу седум часот попладне, по локално време, кога трговскиот е најпосетен.

Полицијата соопшти дека пред влезот на трговскиот центар е пронајден пиштол, но засега не се знае дали од него е пукано.