Дописници „Трип адвајзор“: Скопје најпосетено од туристите, Охрид на второ место

„Трип адвајзор“: Скопје најпосетено од туристите, Охрид на второ место

На врвот на листата на македонски градови што странските туристи најмногу ги посетуваат, се наоѓа Скопје, а потоа следат Охрид, Битола, Струга, Тетово и Струмица.

Во Охрид туристите се најмногу воодушевени од Охридското Езеро и од црквата „Св. Јован Канео“, како и од националниот парк Галичица, заклучува најпознатата светска страница за информирање на туристите, „Трип адвајзор“.

Во Струга, која е на четвртото место, најомилен за туристите бил кејот на реката Црн Дрим.
Според податоците од Државниот завод за статистика, земјава во јуни ја посетиле 71.384 туристи, а бројот на ноќевања изнесува 174.785.

Бројот на туристите во јуни годинава, споредено со истиот месец лани, е зголемен за 1 отсто, а бројот на ноќевања за 2,3 отсто.