Свет Тринаесет загинати во напад во Кенија

Тринаесет загинати во напад во Кенија

Неидентификуван напаѓач рано утринава уби најмалку 13 лица во близина на Мандера, на североистокот на Кенија, соопштија од кенискиот Црвен крст.

Во нападот, кој се случил два часа по полноќ, ранети се најмалку 11  лица, соопшти генералниот секретар на кениската хуманитарна организација, Абас Гулет.

Жртвите се работници на каменолом кај Мандера, а нападот бил извршен додека спиеле.