Свет Тринаесет убиени во самоубиствен напад во Авганистан

Тринаесет убиени во самоубиствен напад во Авганистан

Во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан, убиени се најмалку 13 лица, јавуваат светските агенции.

Нападот се случил во близина на клиника и на пазар, на шеесетина километри северозападно од Кабул.

Меѓу жртвите има девет цивили и четворица полицајци.

Ранети се уште 19 лица, меѓу кои и претставник на полицијата кој бил мета на нападот.

Одговорноста за нападот ја презеле талибанците.