Хроника Тринаесет мигранти од Ирак откриени во автомобил во Валандовско

Тринаесет мигранти од Ирак откриени во автомобил во Валандовско

Тринаесет мигранти, со потекло од Ирак, во вторникот вечерта биле откриени како се превезуваат во автомобил, чиј возач побегнал откако полицијата се обидела да го запре возилото.

Како што информираат од МВР, случајот бил регистриран во вторникот, околу 20 часот, на локалниот пат меѓу селата Марвинци и Удово, кога полициска екипа се обидела да запре автомобил, марка „мерцедес“. И покрај дадениот знак од полицијата, возилото продолжило да се движи кон земјениот пат кај местото Пепелишки мост, по што возачот побегнал, а по извршениот преглед во автомобилот биле пронајдени 13 мигранти од Ирак.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.