Свет Европа Триесетина мигранти спасени кај Шпанија

Триесетина мигранти спасени кај Шпанија

Повеќе од 30 мигранти се спасени во близина на брегот на Шпанија, откако бродот во кој се наоѓале го зафатил пожар.

Моторот на бродот со кој патувале мигрантите во еден момент се запалил, по што огнот се проширил и на пловниот објект.

Мигрантите скокнале во вода, но припадниците на крајбрежната стража, со помош на хеликоптери и со бродови ги спасиле.