Свет Триесет убиени во две експлозии во Нигерија

Триесет убиени во две експлозии во Нигерија

Најмалку 30 лица се убиени, а повеќе од стотина се повредени во синоќешните експлозии на две автобуски станици на североисточниот нигериски град Гомбеу, соопшти денеска Црвениот крст.

– Бомбите однесоа најмалку 30 животи, додека 105 се повредени и се хоспитализирани – соопшти претставник на Црвениот крст.

Според очевидците, бројот за мртвите е далеку поголем од официјално објавените бројки.

Во серијата напади што беа извршени месецов се убиени 430 лица. Исламистичката група Боко харам, која се обидува да воспостави држава со строго толкување на исламските закони, од 2009 година досега има убиено повеќе од 14.000 лица во Нигерија.