Македонија Триесет компании ќе нудат вработување на Кариерен eкспо 2014

Триесет компании ќе нудат вработување на Кариерен eкспо 2014

Младинскиот совет на Амбасадата на САД во Македонија, денеска, во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје, организира „Кариерен eкспо 2014“, на кој 30 македонски компании ќе понудат работни места за младите невработени лица.

Како што соопштија организаторите, во рамки на настанот ќе се одржат и девет работилници кои имаат цел да ги зајакнат вештините и знаења на младите. Младите ќе имаат можност да разговараат со претставниците на компаниите, да имаат пробни интервјуа, но и со помош на членовите на Младински совет да изработат професионална кратка биографија.