Свет Триесет и шест загинати во напад на казино во Манила

Триесет и шест загинати во напад на казино во Манила

Најмалку 36 лица загинаа, а 54 се повредени откако вооружен маж упадна во казино во Манила и го запали. Портпаролот на филипинскиот претседател тврди дека не станува збор за терористички напад, туку за грабеж.

– Нападот во Манила не е поврзан со терористичка акција, рече портоаролот Ернесто Абела, со што ги потврди претходните изјави на претставници на полицијата.

Во нападот загинал и напаѓачот, чие тело како што сооопшти началчникот на полицијата на главниот град на Филипините, Оскар Албајалде е пронајдено во казиното. Според првичните податоци, напаѓачот бил странец.

– Изгледа како маж од Европа, зборувал англиски, висок е и бел, значи најверојатно е странец, додаде Албајалде.
Нападот е извршен во туристичкиот комплекс „Рисорт ворлд Манила“, а повеќето од загиатите починале како последица на задушување

Одговорноста за нападот претходно ја презеде терористичката групација Исламска држава, но началникот на филипинската полиција тврди дека ИД тоа го прави за пропагандни цели.