Свет Три земјотреси во Пакистан

Три земјотреси во Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападот на Пакистан.

Како што јавуваат локалните медиуми, девет лица се повредени и причинета е помала материјална штета.

Земјотресот имал епицентар 37 километри северно од Мансер, во провинцијата Хајбер Пахтунва, на длабочина од 28 километри, соопшти американскиот Геолошки завод.

По земјотресот следеа два потреса со јачина од 3,2 и од 4 степени според Рихтероватра скала, соопшти пакистанскиот Метеоролошки завод.