Хроника Три лица загинаа во сообраќајна незгода во Куманово

Три лица загинаа во сообраќајна незгода во Куманово

Три лица загинале во сообраќајната несреќа што се случи денеска, околу 17 часот, кога автомобил „бе-ем-ве“ излетал од мостот кај Бедиње во Куманово. Според полицијата, возачот не успеал да ја одржи контролата над возилото.

Автомобилот паднал на лентата на меѓународниот автопат Скопје – Белград на правецот кој води кон север. За да го избегне автомобилот, цистерна која се движела по автопатот се превртела и излетала на спротивната автопатска лента.