Свет Три илјади американски војници ќе одат на вежби во балтичките земји

Три илјади американски војници ќе одат на вежби во балтичките земји

Околу 3.000 американски војници, припадници на трета пешадиска дивизија, следната недела ќе бидат испратени во Естонија, Латвија и во Литванија за да учествуваат во воени вежби со воените сили на балтичките земји. Тоа е дел од американските тековни воени прегрупирања за поддршка на сојузниците на НАТО, кои се загрижени за „ескалацијата на руската агресија“.

Според зборовите на полковникот на американската армија, Стив Ворен, се предвидува дека првата бригада на третата пешадиска дивизија ќе помине околу три месеци во регионот на Балтикот. САД денеска испорачаа повеќе од 100 парчиња воена опрема на членовите на НАТО во Балтичкото Море, за да им овозможат да се одбранат од можните руски закани.

Помеѓу испорачаната опрема има и тенкови и оклопни возила, а американскиот генерал-мајор Џон О’Конор истакна дека таа воена опрема ќе остане во балтичките земји колку што ќе биде потребно за да се одврати руската агресија.

Претседателката на Литванија, Далија Гарибаускајте, минатата недела предупредила дека балтичките земји мораат да бидат подготвени да се одбранат сами од секоја можна инвазија најмалку 72 часа пред челниците на НАТО да мораат да им дојдат на помош.