Македонија Трговци продавале производи со изминат рок и не одржувале хигиена во објектите

Трговци продавале производи со изминат рок и не одржувале хигиена во објектите

Агенцијата за храна и ветеринарство, АХВ, информира дека во направените вонредни контроли кај некои трговци е утврдено дека не ги почитувале препораките на Владата и на Комисијата за заразни болести, за засилената дезинфекција на опремата и на транспортните средства и објектите.

„Констатирани се пропусти и непочитување на препораките за заштита од корона вирусот, како и недоследности на општите хигиенски услови и продажба на производи со изминат рок на употреба. Донесени се 32 решенија за нивно отстранување, изречени се 46 мерки едукација како и две парични казни“, соопшти АХВ.

Инспекторите за храна и ветеринарите во изминатите две недели направиле 738 вонредни контроли во продавници, супер маркети, угостителски објекти и месарници. Како дел од активностите за намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19. „Целта е да се направи проверка, дали операторите со храна, покрај основните услови за производство, дистрибуција и трговија со храна, ги почитуваат и препораките на Владата и Комисијата за заразни болести, за засилената дезинфекција на опремата и на транспортните средства и објектите“, соопшти АХВ.