Македонија Трет настрадан во пожар во едно деноноќие

Трет настрадан во пожар во едно деноноќие

Настраданиот бил пронајден во штала. Во моментов се врши увид

фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

По двата случаја на настрадани во пожари во изминатово деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК), извести и за трет таков случај – животот во пожар го загубило и лице во селото Оџалија во општина Карбинци.

По добиената информација за пожар на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за запалена штала, денеска околу пладне, и интервенцијата на пожарникарите, утврдено е дека едно лице настрадало при пожар во с. Оџалија. Настраданиот бил пронајден во шталата.

Во моментов се врши увид.

ЦУК: Настрада едно лице при пожар на отворено, има три активни пожари

ЦУК: Маж си ја запалил куќата и загинал во пожарот