Свет Трет ден траат немирите во Еурсалим

Трет ден траат немирите во Еурсалим

Немирите што избија во Ерусалим кај џамијата „Ал Акса“ меѓу израелската полиција и Палестинците непрекинато трае веќе три дена, соопшти денеска израелската полиција.

Полицијата влегла во џамијата „Ал Акса“ да ја растера групата демонстранти кои фрлале камења и петарди, соопшти портпаролката на полицијата, Луба Самри, додавајќи дека насобраните луѓе се растуриле и дека никој не е повреден ниту уапсен.

Светилиштето во Ерусалим е најсветото место на јудаизмот, а тоа е трето најсвето место на исламот.