Македонија Трет циклус на грантови во рамки на проектот ACTION SEE

Трет циклус на грантови во рамки на проектот ACTION SEE

Осум граѓански организации од пет земји, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија добија грантови за спроведување на петмесечни проекти фокусирани на решавање на ургентните локални и национални проблеми во претстојниот период со цел да се унапреди доброто владеење и владеењето на правото.

Грантовите се наменети за локалните граѓански организации, а се доделени во рамки на проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа (https://actionsee.org/) преку Центарот за демократска транзиција, Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, „Вестминстер“ Фондацијата за демократија, Центарот за истражување, транспарентност и отчетност – „CRTA“ од Србија, Граѓанско здружение „Зошто да не?“, „Отворени податоци“ Косово и Движење „ДОСТА!“, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Добитниците на грантови од третиот и последeн циклус на компонентата за грантови се:

  • Либерален форум (Liberal Forum – liberalniforum.com), Босна и Херцеговина – „Кон ефикасни и транспарентни државни претпријатија“
  • Здружение за зголемување на капацитети „Медиа пулс” (ngomediapulse.org), Косово
  • Здружение Центар за патување и технологија (facebook.com/ngo.ttc), Црна Гора – „Ефикасни односи со јавност – поинформирани граѓани“
  • Здружение на млади и маргинализирани групи: Центар за интеграција и развој, Северна Македонија – „Важноста на употребата на јазиците на заедниците за добро владеење на локално ниво во општините Куманово, Чаир и Липково“
  • Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци (ini.org.mk), Северна Македонија – „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“
  • Коалиција на граѓански здруженија „Сите за правично судење“ (all4fairtrials.org.mk), Северна Македонија – „Судско досие”
  • Еко натура(ekonatyra.org), Северна Македонија  –  „Добро владеење за добра животна средина“
  • Регулаторен институт за обновливи извори на енергија и заштита на животната средина (Renewables and Environment Regulatory Institute – RERI – reri.org.rs), Србија – „Твое право – Зголемување на транспарентноста, одговорноста и учеството на јавноста во значајните инфраструктурни и еколошки проекти и планови“

Повеќе информации за проектите на осумте грантисти како и за проектот ACTION SEE – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во југоисточна Европа може да најдете на https://actionsee.org/.