Свет Трамп уверува дека потрагата за нов шеф на ФБИ се одвива брзо

Трамп уверува дека потрагата за нов шеф на ФБИ се одвива брзо

Претседателот на Соединетите Aмерикански Држави, Доналд Трамп, изјави дека неговата потрага за нов шеф на ФБИ се одвива брзо.

– Процесот се одвива брзо – изјави Трамп.

Американскиот претседател претходно изјави дека сака бргу да именува нов директор на ФБИ на местото на сменетиот Џејмс Коми, напомнувајќи дека тоа би можело да се случи до петок, а веќе почнал и со разговори со кандидатите за таа функција.

Трамп во саботата на новинарите кои патувале со него во авионот за Вирџинија им кажал дека кандидатите што ги разгледува се генерално добро познати, високо уважени и талентирани луѓе.