Свет Свет Трамп подготвил декрет за укинување на санкциите кон Русија

Трамп подготвил декрет за укинување на санкциите кон Русија

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп подготвила документ со кој се укинуваат санкциите за Русија, соопшти научен соработник на аналитичкиот центар „Атлантик каунсил“, Фабрис Потје.

„Извори од Вашингтон велат дека администрацијата на Трамп подготвила извршна наредба да се укинат санкциите за Русија“, напиша Потје на „Твитер“.

Тој наведува дека на 28 јануари Трамп телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и со канцеларката Ангела Меркел.

Претходно Трамп изјави дека постои можност да се постигне договор за нуклеарното оружје со Русија, во замена за укинување на антируските санкции.