Свет Трамп: НАТО ќе биде посилна, земјите членки ќе дадат повеќе пари

Трамп: НАТО ќе биде посилна, земјите членки ќе дадат повеќе пари

Претседателот на САД, Доналд Трамп наведе дека НАТО ќе биде посилна затоа што земјите членки „значително“ ги зголемиле сумите за финансирање на потребата на Алијансата.

„Многу земји се согласија значително да ги зголемат сумите, како што и треба. Парите започнаа да пристигнуваат – НАТО ќе биде многу посилна“, напиша Трамп на „Твитер“.

Земјите членки на НАТО не и плаќаат директно на Алијансата туку трошат во рамките на своите буџети за вооружување и другите потреби поврзани со одбраната.

Трамп поддржува државите членки на НАТО да даваат барем по два отсто од бруто домашниот производ на одбрана, но моментално само две земји го исполнуваат условот, додека останатите се обврзани таа цел да ја остварат во 2024 година.

„Г-7 се состанува денеска. Се разговара за големиот број на многу важни прашања. Прво на листа е се разбира, тероризмот“, наведе шефот на Белата куќа на „Твитер“.