Свет Трамп: Карлос Слим се обидува да ѝ помогне на Хилари да победи

Трамп: Карлос Слим се обидува да ѝ помогне на Хилари да победи

Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, го обвини мексиканскиот милијардер Карлос Слим дека се обидува да ѝ помогне на неговата ривалка, Хилари Клинтон.

Како што рече Трамп, Слим се обидува да ѝ помогне на Хилари преку неговите врски со весникот „Њујорк тајмс“.

Трамп вели дека Слим, мнозинскиот акционер во „Њујорк тајмс“, помага во обидите на тој весник да ѝ помогнат на Клинтон да ги освои изборите. Њујоршкиот весник објави приказни на две жени кои го обвинуваат Трамп за сексуално вознемирување.

– Тие не се новинари, тие се корпоративни лобисти на Карлос Слим и на странски корпорации – рече Трамп за репортерите на „Њујорк тајмс“.

На предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп повтори дека многубројните жени што го обвинуваат за сексуално вознемирување, ги измислуваат таквите приказни.