Свет Свет Трамп и Путин имале уште еден досега необјавен разговор

Трамп и Путин имале уште еден досега необјавен разговор

Белата куќа соопшти дека претседателот на САД, Доналд Трамп, имал уште еден, претходно необјавен разговор со рускиот претседател Владимир Путин на самитот Г20 во Хамбург.

Портпаролот Шон Спајсер синоќа соопшти дека Трамп и Путин разговарале за време на заедничката вечера на лидерите од Г20.

Двајцата претседатели претходно, во текот на денот, имаа официјален состанок кој траеше повеќе од два часа.

Не е познато колку траел неформалниот разговор, ниту, пак, кои биле темите.