Подглавна секција Трамп: Христијани гласајте само овој пат, нема да треба да гласате повеќе...

Трамп: Христијани гласајте само овој пат, нема да треба да гласате повеќе (ВИДЕО)

„Треба да излезете и да гласате. За четири години, не мора повторно да гласате. Ќе го средиме тоа толку добро што нема да мора да гласате“, рече Трамп

Фото: Gage Skidmore from Surprise, AZ, United States of America, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Доналд Трамп им порача на христијаните дека „нема да мора“ повторно да гласаат по овие избори, велејќи дека „ќе го средиме тоа добро“. Трамп говореше во петокот вечерта на Самитот на верниците 2024 во Вест Палм Бич, Флорида.

„Нема да морате повеќе да го правите тоа, уште четири години, знаете што? Ќе се среди, ќе биде добро. Нема да мора повеќе да гласате“, рече Трамп. „Треба да излезете и да гласате. За четири години, не мора повторно да гласате. Ќе го средиме тоа толку добро што нема да мора да гласате“, објавија американските медиуми цитирајќи го Трамп.

Тој, исто така, рече дека „примил“ „извинување“ од ФБИ откако бирото потврди дека бил застрелан со куршум за време на обид за атентат претходно овој месец.

Претходно во петокот, ФБИ потврди дека Трамп бил погоден во уво со куршум од вооружен маж пред 13 дена на митинг во Пенсилванија.

„Она што го погоди поранешниот претседател Трамп во увото е куршум, без разлика дали е цел или фрагментиран на помали парчиња, испукан од пушката на починатиот субјект“, се вели во соопштението на бирото.