Македонија Трајановски: Кафулињата во Скопје ќе работат по старо

Трајановски: Кафулињата во Скопје ќе работат по старо

На угостителските објекти нема да им се скрати работното време и ќе работат како и досега, до 24 часот, потврди градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

– Би сакал да го демнатирам тврдењето дека на кафанџиите ќе им биде скратен еден час од работното време. Тоа не е точно. Кафулињата и кафеаните ќе останат со истото работно време како и досега. Не знам како се провлече таа вест, беше само дискусија на некои од станарите. Сакам тоа да го демантирам и да кажам дека кафулињата ќе работат со истото работно време како и досега – рече Трајановски.