Угостителите го откажаа протестот, властите ќе го решаваат проблемот со летните дискотеки

фото: Скопски ноќен живот

Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ го откажа протестот пред Владата на Република Северна Македонија, кој требаше да се одржи во среда со почеток во 20 часот. Како причина за откажувањето на протестот, неформалната група ја наведе заложбата на властите за брзо решавање на нивниот проблем.

„Нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем, протестот се откажува“, велат од Неформалната група на летни клубови.

Претходно, иницијативата го најави протестот за 27 јули, поради тоа што ниту еден летен клуб во главниот град сè уште нема добиено лиценца за работа. Тие ги повикаа надлежните да го решат проблемот на метрополата со немањето на понуда за ноќен живот.