Македонија Традиционална средба на Јолевски со поранешните министри за одбрана

Традиционална средба на Јолевски со поранешните министри за одбрана

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, оствари традиционална средба со поранешните министри за одбрана, во Дом на АРМ.

На средбата, министерот Јолевски информирал за процесот на модернизација на армијата, кој би влијаел на поголема опременост и интероперабилност со армиите на земјите членки на НАТО.

– Македонија работи напорно на исполнување на стратегиската цел, членство во НАТО. Воедно, продолжуваме и со придонесот кон глобалниот мир и безбедност, преку континуираното учество во мировните мисии предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија – изјави Јолевски.

Тој и поранешните министри за одбрана разговарале и за геополитичките поместувања во регионот и во Европа, а размениле и искуства и ставови во однос на развојот и реформите во одбраната во наредната, 2017 година.